Поранешниот италијански прволигаш Пјаченца 1919 направи нешто што се гледа веројатно само во Италија, барем ако се зборува само за најсилните лиги во Европа.
Во еден ден членот на Серија Д „сврте“ три тренерски имиња. По викенд поразот од Сан Марино (1:0), во вторникот челниците на клубот му се заблагодарија на Кармине Парлато кој замина со спортскиот директор Алесио Сесту. На негово место беше назначен Симоне Бентивољо. Новиот тренер одработи само еден тренинг, а потоа се појавија навивачите на клубот.
Ултрасите поставија ултиматум до управата, промена на тренерот или најавија бојкот. Причината за такво нешто е скандал поврзан со Бентивољо од 2011 година, кога поради местење натпревари доби суспензија од 13 месеци.
Челниците на Пјаченца решија да попуштат, Бентивољо заработи отказ, а клубот го врати Стефано Росини. Тој беше тренер на стартот на сезоната, но тогаш поради лоши резултати беше променет и на негово место дојде токму Парлато.
Овие ситуации со „вртење“ на тренерите кои сè уште им се на платите списоци е доста популарен во Италија, се случува дури и во Серија А.