Баерн Минхен вчера беше елиминиран од Реал Мадрид со пресврт во завршницата, а херој на „кралевите“ беше Хоселу кој постигна два гола. Но, натпреварот беше обележан и со една спорна ситуација.
Гостите од Германија не се откажуваа и се обидуваа да постигнат гол во последните моменти, мрежата на Лунин и се затресе меѓутоа тој гол беше поништен поради недозволена позиција, а таа судиска одлука предизвика бурни реакции.
Најгласни од германскиот состав беа Томас Милер и Томас Тухел тврдејќи дека се драстично оштетени. Во таква насока е и анализата која ја објави телевизијата „БеИН Спортс“.
Телевизијата која има ексклузивни права за Лигата на шампионите го реконструираше моментот со употреба на 3Д технологија со цел да ги расчиси дилемите. Според таа анализа Мазрауи не е во офсајд и доколку судиите не ја прекинеа акцијата веројатно ќе беше признат.