30
Денеска нема да се одиграат ниту натпреварите од Трета лига север, причината е дождот кој веќе со денови врне без прекин.
Прволигашите денеска не играат по барање на МВР поради актуелната состојба со цел да спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари.
А од друга причина нема да се игра фудбал ниту во Трета лига север. Обилните дождови кои се актуелни веќе со денови, создадоа невозможни услови за игра.
Одлучено е натпреварите од ова коло да се играат наредниот викенд.