Интересно видео се појави во португалските медиуми, а тоа покажува ситуација од трибините за време на осминафиналниот натпревар на Европското првенство меѓу Португалија и Словенија.
На него се гледа како неколку членови на обезбедувањето држат навивач. Во еден момент додека двајца го држат, третиот член на обезбедувањето почна да го тепа навивачот.
Според информациите се работи за Португалец кој дошол да ја бодри својата репрезентација. Непознато е зошто тој беше приведен, меѓутоа на видеото јасно се гледа дека тој си доби добар ќотек.
🚨 Um adepto foi agredido a soco e pontapé pelos seguranças da Arena de Frankfurt onde a Seleção Nacional defrontou a Eslovénia na noite desta segunda-feira#euro2024 pic.twitter.com/kXAl6Qw2C8
— Record (@Record_Portugal) July 2, 2024