Репрезентацијата на Германија ќе се судри со Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство.
Еден охрабрувачки податок за Германците е фактот дека Мануел Ноер никогаш во својата кариера не загубил четвртфинале на голем турнир. Голманот на германскиот национален состав ќе биде „единица“ и против Шпанија, а во јавноста проструи информацијата дека тој не знае да губи натпревари од фазата на осумте најдобри.
Ноер ќе брани во своето петто четвртфинале за Германија, а претходните сите ги доби. Во репрезентативниот дрес на 123 настапи, дури 50 пати не прими гол.
Инаку, во својата кариера голманот на Баерн и Германија ги има сите големи трофеи на клупски план, а беше и светски првак во 2014 година. Му недостига само трофеј на Европско првенство, а во тоа друштво се и Томас Крос и Томас Милер. Ноер е оптимистичен на овој турнир и во кампот на репрезентацијата дал краток коментар: „Одамна сме зрели за трофеј на Европско првенство. Добро се чувствуваме и едвај го чекаме натпреварот“.