Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Педро Роча е суспендиран на две години од страна Националниот спортски суд (ТАД).
Портпаролката на ТАД ја потврди пресудата, но и потенцираше дека Роча има право на жалба и според шпанските медиуми тој ќе го искористи таквото право.
Информацијата пристигнува откако шпанските фудбалери ја победија Англија во финалето и го освоија Европското првенство првенство. Роча е обвинет дека го сменил генералниот секретар Андреу Кампо во периодот кога привремено го наследил Рубиалес. Како привремено решение тој немал такво нешто.
Ќе потсетиме, Рубиалес доби суспензија од фудбалот поради скандалот со фудбалерката Џени Хермосо откако женската фудбалска репрезентација на Шпанија го освои Светското првенство.
Наводно Роча е казнет и со околу 33.000 евра поради други неправилности.