Нов кикс на Сити, само реми на гости кај Кристал Палас! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити продолжи со турбулентните партии, па одигра реми против Кристал Палас (2-2) во 15. коло на Премиер лигата.

Натпреварот во Лондон двапати понуди предност на домашната екипа, но фаворитот се враќаше до егал. Сепак, бод на „Селхрст Парк“ не ги задоволува апетитите на англискиот првак, па ова е нов кикс.

Поведе Кристал Палас првпат преку Муњоз во четвртата минута, а израмнување донесе Ерлинг Халанд во 30. Во вториот дел Лакроа погоди за 2-1, додека второто израмнување го донесе младиот Рико Луис кој потоа доби и црвен картон.

Ливерпул со натпревар помалку веќе има сериозна предност на табелата пред шампионот од осум бода.

На останатите терени Астон Вила минимално слави против Саутемптон (1-0), а Брентфорд го совлада Њукасл во Лондон со 4-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×