Нов договор и откупна клаузула на половина милијарда евра за повреденото момче на Барселона

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона размислува на иднината како и секогаш, па во клубот ќе го задржи со нов договор талентираниот Марк Бернал.

Сè е подготвено за потпис на нов договор меѓу младиот дефанзивен играч за врска да стави потпис на соработка до 2029 година. Во новиот договор за Бернал ќе има и откупна клаузула поставена на 500 милиони евра.

Клубот ги подготвува документите и зделката со Бернал треба да биде реализирана во најскоро време.

Инаку, Марк Бернал во моментов е повреден. Тој на стартот на сезоната се здоби со тешка повреда, ги скина предните вкрстени лигаменти и тоа ќе го оддалечи од терените до следното лето. И покрај тоа Барселона го награди со нов договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани