Челси успеа втор викенд во низа на ист начин да одигра нерешени 1-1, овојпат против Арсенал во 11 рунда на Премиер лигата.
„Сините“ слично како и пред седум дена против Манчестер Јунајтед, така и против Арсенал се вратија од негатива за ново реми и во ова дерби пред репрезентативната пауза.
Првото полувреме на „Стемфорд Бриџ“ немаше голови кои важеа, а имаше еден поништен за Каи Хаверц. Германецот беше во минимален офсајд и погодокот го поништи ВАР собата.
Во продолжението се играше поатрактивно и поотворено. Поведе Арсенал со 0-1 преку Габриел Мартинели. Бразилското крило доби перфектна топка со многу техника од капитенот Мартин Едегард и го матира Санчез за водство во 60 минута. Сепак, Челси успеа да се врати преку Педро Нето. Португалецот даде убав гол од надвор од шеснаесетникот во 70 минута, поставувајќи ги конечните 1-1.
Челси и Арсенал на табелата се израмнети на по 19 бода на третата и четвртата позиција.