Новото засилување на Јувентус пристигна на лекарски прегледи

by Стефан
1 минути читање

Jувентус во наредната сезона ќе биде посилен за Хуан Кабал од Верона.

Дефанзивецот во Торино пристигнува за сума од десет милиони евра, плус два кои ќе бидат исплатени преку бонуси.
За трансфер на Кабал со Верона преговараше и Интер, но на крајот Јувентус реагираше побрзо и го доведе во своите редови.

Утрово Колумбиецот пристигна во Торино на лекарски прегледи, по што ќе следи потпис на договорот. Претходно Јувентус објави и дека е продолжена соработката со Фабио Мирети до 2028 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани