Во текот на вчерашниот ден се појави информација дека Винисиус Жуниор добил понуда од Саудиска Арабија вредна една милијарда евра.
Медиумите претходно пренесуваа дека ниту Винисиус, ниту Реал Мадрид не биле заинтересирани. Но, денеска пристигнуваат нови информации.
Наводно, Винисиус е отворен да разговара за можна преселба во Саудиска Арабија каде што би добил петгодишен договор вреден 200 милиони евра по сезона.
Винисиус е среќен во Реал Мадрид, но ваква понуда која може да се каже дека и ги надминува границите на здравиот разум е причината која го натерала да размисли.
Понудата до Винисиус ја доставиле претставници на Јавниот инвестициски фонд во земјата (ПИФ) кој е сопственик на најголемите клубови (Ал Ахли, Ал Итихад, Ал Хилал, Ал Наср).