Нови детали за Варга: Мора оди на операција

by Стефан
1 минути читање

Унгарскиот репрезентативец Барнабас Варга заработи тешка повреда во натпреварот против Шкотска на Европското првенство.

Во судирот со шкотскиот голман Варга се здоби со скршеници на коските на лицето и веројатно ќе мора да му биде направена операција, соопшти денес Фудбалскиот сојуз на Унгарија.

Се играше 68. минута кога Варга жестоко се судри со чуварот на мрежата Ангус Ган. Тој доби силен удар во лицето по што остана да лежи без свест. По првата помош на теренот беше пренесен во болница.

„Има скршеница на неколку коски на лицето. Исто така се здоби и со потрес на мозо. Најверојатно ќе оди на операција“, стои во објавата на унгарскиот сојуз.

Унгарија во тој натпревар на крајот победи со гол во десеттата минута од судиското продолжение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани