Новина во Премиер лигата: ВАР одлуките веднаш ќе се објаснуваат на социјалните мрежи

by Стефан
1 минути читање

Од сезоната која следи во Премиер лигата фановите на друштвената мрежа „X“ на профилот „PL Match Centre“ ќе може да ги следат објаснувањата за судиските одлуки донесени со ВАР.

Оваа новина за првпат ќе биде претставена во премиерниот натпревар во сезоната во која во петок ќе се сретнат Манчестер Јунајтед и Фулам. Судиската организација во текот на летото ја разработе оваа идеја.

Во изминатата сезона видовме случаи кога погрешно се повлекувани линии за офсајд, поништени беа некои „чисти“ голови, недосудени беа некои очигледни црвени картони…сето тоа се причини за ваквиот потег.

„Премиер лигата отвори нов профил на друштвената мрежа „X“ под името „PL MatchCentre“ и за првпат на социјалните мрежи ќе нуди објаснување на одлуките за време на натпреварите во живо“, се потврдува во соопшението.

Исто така причина за ваквиот потег е што ФИФА не дозволува аудио снимките од разговорирте на судиите да одат директно во ТВ преносот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани