144
Галатасарај со 3:1 славеше во дербито против Фенербахче во Истанбул, а по овој натпревар во центарот на вниманието се најде Жозе Мурињо.
На социјалните мрежи Галатасарај објави фотографија со фотомонтажа на која Мурињо го нарече „Тhe Crying One“, алудирајќи на неговиот прекар „Тhe Special One“.
Оваа фотографија еден од новинарите му ја покажа и на Мурињо, а реакцијата на Португалецот во тие моменти беше навистина урнебесена.
Додека новинарот му ја покажуваше фотографијата, Мурињо гледаше во него за потоа зачудено да го праша: Се шегувате или сте сериозни? Кога новинарот му одговори дека е сериозен Мурињо со истиот израз на лицето прокоментира:
„Жал ми е, не можам да зборувам за тоа“.