Нова тренерска промоција во Серија А: Болоња доведе наследник на Мота

by Стефан
1 минути читање

Продолжуваат тренерските промоции во Серија А. Откако Фиорентина вчера објави дека досегашниот тренер на Монца, Рафаеле Паладини е нивни нов шеф на стручниот штаб, сега екс-тренерот на „виолетовите“, Виченцо Италијано е промовиран за нов тренер на Болоња.

Италијано ќе ја води Болоња во Лигата на шампионите и ќе го наследи Тијаго Мота кој се сели во Јувентус.

Болоња и Италијано потпишаа договор до летото 2026 година, а негвата цел ќе биде достојно да го замени Мота кој правеше чуда со Болоња во италијанскиот фудбал во изминатата сезона.

Ќе потсетиме, денес и Антонио Конте беше промовиран на клупата на Наполи, додека се очекува и Милан да го потврди Фонсека кој веќе официјално се раздели со Лил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани