Нова опција за Де Зерби: Може да се врати во Италија?

by Стефан
1 минути читање

Пред неколку дена беше објавено дека Роберто Де Зерби го напушта Брајтон на две години пред истекот на договорот.

Италијанскиот стратег не успеа да пронајде заеднички јазик со сопствениците на клубовите околу плановите во преодниот рок, па тоа е главната причина за неговото заминување.

Брајтон во последното коло од Премиер лигата на свој терен беше поразен од Манчестер Јунајтед со 0:2 и сезоната ја заврши на 11. позиција на табелата со 48 бодови.

Искусниот стратег во претходните денови се поврзуваше со Баерн, како и со неколку клубови од Англија, а сега се пишува дека во трката влегува и Милан. Де Зерби во минатото како играч израсна во Милан, но не доби шанса во првиот тим.

Сепак, покрај Де Зерби „росонерите“ како кандидат го имаат и Паоло Фонсека.

Актуелниот тренер Стефано Пиоли има договор до јуни 2025 година, но раководството на клубот не е задоволни од неговата работа и поради тоа планираат смена по завршувањето на сезоната.

Милан на едно коло пред крајот на првенството се наоѓа на второто место на табелата со 19 бодови помалку од првопласираниот Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани