Италијански Милан наскоро би можел да добие нов тренер бидејќи Пауло Фонсека е на излезни врати. Се шпекулираше со Един Терзиќ и Томас Тухел, но денеска во медиумите се појавуваат поинакви информации.
Наводно, кандидат за клупата на Милан е хрватскиот тренер, Игор Тудор. Ибра со Тудор беше соиграч во Јувентус и како што наведуваат италијанските медиуми исклучително го цени.
„Ибрахимовиќ покажа голем интерес за Игор Тудор. Тој има голема почит кон Тудор поради неговиот цврст карактер и способноста да ја промени состојбата во тимот. Тудор може да биде и финансиски ефективна опција, а би се согласил и на краткорочен договор“, пишуваат италијанските медиуми.
Фонсека последната шанса да си ја спаси работата ќе ја има во дербито со Интер, но во него раководството сака победа, најавите се дека и реми не би било доволно. Од почетокот на сезоната во првите четири кола Милан ја победи само Венеција.