Eкипата на Реал Мадрид се соочи со проблеми со повреди на неколку првотимци за време на репрезентативната пауза, но денеска италијанскиот стратег неочекувано доби добри вести.
Имено, освен враќањето на Бразилците Винисиус, Ендрик и Родриго, трофејниот стратег на располагање ги имаше Белингем, Чуамени и Милитао.
Повредата Белингем ја заработи по неколку среди на стартот од сезоната, додека Чуамени и Милитао се повредија во текот на репрезентативната пауза. Се најавуваше дека ќе бидат спремни за 20 септември, но рехабилитацијата одеше побрзо од првичнитеп рогнози.
Медиумите во Мадрид најавуваат и дека Милитао на теренот може да биде од првата минута, додека Белингем и Чуамени би можеле да добијат шанса во вториот дел. Реал кон средината на делата на 17 септември го чека и натпревар против Штутгарт во Лигата на шампионите.