Навивачите на Манчестер Јунајтед беа на „седмо небо“ по ангажирањето на Рубен Аморим како наследник на Ерик Тен Хаг.
Сепак, веќе на дебито на клупата за Португалецот стана јасно дека тој не е магионичар и не може преку ноќ да ги смени работите во клубот. Манчестер Јунајтед ремизира на гостувањето кај Ипсвич Таун (1-1) на премиерниот натпревар на Аморим на клупата.
Сè тргна перфектно, како од бајка бидејќи веќе во втората минута Маркус Рашфорд погоди за предност. Англискиот напаѓач доби асистенција од Диало и стрела за 0-1 по само 80 секунди игра.
Ипсвич успеа пред полувремето да се врати до егал, а стрелец беше Омари Хутчинсон кој даде еврогол (1-1). Во продолжението Јунајтед не успеа во целост да се наметне и средбата заврши со делба на пленот.