Голманот на Грузија Мамарадишвили на натпреварот против Чешка го одигра најдобриот натпревар на еден играч во досегашниот дел на Европското првенство.
Натпреварите на Џошуа Кимих против Унгарија и Фабијан Руиз според „Софаскор“ беа оценети со оценка 8.9. Денеска Мамардашвили за својот настап беше оценет со 9.7.
ценката за грузискиот голман е апсолутно заслужена бидејќи имаше дури 11 одбрани и осум од нив беа во првото полувреме. Освен тоа фати пет високи топки, боксуваше двапати и расчисти три опасни ситуации.
Според „Трансфермаркт“ неговата вредноста е 35 милиони и во овој момент е колега на Столе Димитриевски во Валенсија, но се очекува да го напушти шанскиот тим по Европското првенство. Договорот кој го има со Валенсија е со важност до 2027 година.
Giorgi Mamardashvili vs Czech Republic 🇬🇪
— 𝙈𝙓 6 🕊️ (@MagicalXavi) June 22, 2024
Man of the match. pic.twitter.com/CV6dVhIFiR