Никој како Феде Валверде: Уругваецот зад себе има неверојатна сезона

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Уругвај, Феде Валверде зад себе има импресивна сезона.

Уругвај не стигна до трофејот и како утеха стигна до бронзениот медал, меѓутоа со натпреварите на овој турнир Валверде дојде до бројката од 67 одиграни во изминатата сезона за Уругвај и Реал Мадрид.

Со Реал Мадрид успеа да ја освои Лигата на шампионите, Ла Лига и Суперкупот на Шпанија, а постигна три гола и додаде осум асистенции. На теренот помина неверојатни 4.280 минути.

По обврските за Уругвај сега оди на заслужен одмор, па потоа го чека новата сезона во која на грбот ќе ја носи „осмицата“ на Тони Крос кој ги одигра последните натпревари во кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани