1,7K
Кол Палмер одново одигра одличен натпревар и беше човек на одлука во победата на Челси против Тотнем од 3:4.
Палмер во денешниот натпревар беше стрелец на два гола, а и двата ги постигна со удар од белата точка.
Со овие два реализирани пенали, Палмер го сруши рекордот на Јаја Туре кој во Премиер лигата без промашување изведе 11 пенали.
Палмер стана единствениот фудбалер кој во најсилната англиска конкуренција 12 пати во низа реализирал најстрога казна. Останува да видиме во наредните натпревари дали неговиот рекорд ќе биде и зголемен.