Никој како Диего Симеоне: Аргентинецот викендов испишува историја

by Стефан
1 минути читање

Диего Симеоне прерасна во вистинска легенда на Атлетико Мадрид и од овој клуб успеа да направи еден од најсилните во Европа, а за викендот ќе испише нова историја.

Имено, аргентинскиот стратег в сабота во натпреварот против Алавес ќе го води Атлетико по 700. пат во кариерата во шпанската Ла Лига.

На клупата на Атлетико Симеоне пристигна во 2011 година на местото на Грегори Мансано и од тогаш освои домашни и европски трофеи, но изостана оној во Лигата на шампионите каде што неговиот тим изгуби две финалиња од градскиот ривал Реал (2014 и 2016 година).

Никој никогаш во Ла Лига не водел еден тимо 700 натпревари, а Симеоне во претходните 699 натпревари оствари учинок од 412 победи, 156 реми и 131 пораз. Атлетико под негово водство постигна 1.166 голови и прими 576, додека во 326 мрежата на „јорганџиите“ остана недопрена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани