Николо Барела се очекува да биде подготвен за дуелот со Албанија

by 24 фудбал
1 минути читање

Европскиот првак Италија доби добри вести, бидејќи се очекува за натпреварите од групната фаза на Европското првенство подготвен да биде еден многу важен играч.

Николо Барела тренираше со остатокот од репрезентацијата и според зборовите на селекторот Лучијано Спалети, ќе конкурира за тимот против Албанија. Фудбалерот кој имаше одлична сезона со Интер се очекуваше да го има главниот збор на средината од теренот во тимот на Италија, а иако навивачите стравуваа, сепак тој ќе биде подготвен за игра.

Можеби натпреварот против Албанија ќе го започне од клупата, меѓутоа тоа би требало да е најлесна мисија за Италија во групната фаза. Понатаму следат вистинските битки за позициите против Шпанија и Хрватска, а токму за нив ќе е потребен силен Барела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани