Кристијан Николовски беше еден од творцитте на победата на Вардар над Шкупи (3-2) во ПМФЛ пред репрезентативната пауза.
Токму тој го најави следниот предизвик на вардарци, а тоа е натпреварот против Воска Спорт.
„Победата против екипата на Шкупи е многу значајна за нас. Секако сум многу среќен и поради постигнатиот гол, но сепак најважно е дека победивме. Добро ни дојде и репрезентативната пауза. Одлично работиме на тренинзите, исто така имаме и одлични услови за работа.
Во недела играме важен натпревар против екипата на Воска. Затоа ги повикувам сите наши навивачи, да дојдат во Охрид, заедно да се радуваме на нова победа“, изјави Николовски.
Вардар скокна од последната позиција, меѓутоа ќе биде потребно да врзе добри резултати за да се крене над опасната зона на табелата ако сака опстанок.