163
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше УЕФА поради одлуката да го суспендира дефанзивецот, Мерих Демирал поради неговиот спорен поздрав и гестикулации.
Во изјава за новинската агенција Анадолу, Ердорган кој спомнтано отпатува на четвртфиналето помеѓу Холандија и Турција не штедеше критики за УЕФА.
„Искрено, фрли сенка на Европското првенство. Всушност, ова е казна за Турција како нација“, изјави Ердоган.
За жителите на Турција гестикулацијата на Демирал е национален симбол, а не расизам, па поради тоа тие се изненадени за казната која ја заработи Демирал.