Не се само милиони доволни: Сезоната стартува, а Саудијците одработија – преслаб преоден рок!

by Стефан
1 минути читање

Денеска стартува новата сезона во првенството на Саудиска Арабија, но таа не се очекува како минатата, a причината е слабиот преоден рок.

Преодниот рок се уште не е завршен, но мали се шансите нешто посебно да се промени. Пред почетокот на минатата сезона пристигнаа играчи како: Нејмар, Бензема, Фабињо, Канте, Милинковиќ-Савиќ, Ријад Марез, Фирмино, тука беше и Роналдо кој потпиша за Ал Наср неколку месеци претходно…

Во овој преоден рок најголемата „бомба“ досега е Муса Дијаби од Астон Вила кој го облече дресот на Ал Итихад за 60 милиони евра. Токму Ал Итихад беше најактивен и од познатите европски имиња ги доведе уште Усем Ауар од Рома и српскиот голман Предраг Рајковиќ.

Шампионот Ал Хилал не доведе никого, но и во таква ситуација се прошетаа до трофејот во Суперкупот со победа над Ал Наср од 4:1. Треба да се потсети и дека се без Нејмар кој се опоравува од повредата.

Очигледно не се само милионите доволни за Саудијците да ги привлекуваат најголемите имиеа од европскиот фудбал. Исто така видовме и ситуации на фудбалери кои брзо се враќаа од Саудиска Арабија во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани