Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, Вејн Руни, мака мачи во својата тренерска кариера.
Откако пред неколку години ја заврши играчката кариера во Дерби Каунти, доби и тренерска улога. По работата во овој клуб седна на клупата на Ди Си Јунајтед во САД, а оваа сезона неславно одработе во Бирмингем. Кога ќе се споредат играчката и стартот на тренерската кариера, јасно е дека се дијаметрално спротивни.
Згора на сè, Вејн Руни иако има 38 години изгледа доста повозрасно, а за тоа се шегуваат навивачите. Тие „удрија“ по него со критики и шеги за изгледот: „Изгледа како 70-годишен старец“, напиша еден фан. Друг пак, праша случајно Руни да не има некаков здравствен проблем: „Да не има некаква алергиска реакција? Делува многу потечено“.
Руни во својата играчка кариера од 2004 до 2017 година за Манчестер Јунајтед постигна 253 погодоци на 559 настапи и ги освои сите можни трофеи. Покрај тоа во два наврати играше за Евертон, а потоа за Ди Си Јунајтед и Дерби. Тој е и легенда на англискиот фудбал, па секако дека не ги заслужува шегите на своја сметка.