Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ го коментираше Винициус Жуниор и неговото однесување. Бразилецот беше стрелец од пенал во победата на мадриѓани против Реал Сосиедад (0-2).
Двата погодоци на тимот од Мадрид паднаа од пенал, а првиот беше дело на Винициус. По него тој кон публиката им покажа да замолчат, нејасно дали алудираше кон домашните фанови поради некакви можни расистички испади или пак кон навивачите на Реал за критики.
„Фрла камења кон својот кров. Не ми е јасно зошто го прави тоа, си нанесува штета. Знае во каква ситуација е, а потоа дополнително ја провоцира публиката. Знам дека навивачите на Реал не прифаќаат такво однесување. Мора да се смири по сè што се случуваше во претходните месеци, разочаран сум и јас, но и многу фанови“, изјави Мијатовиќ.
Во изминатиот период, особено минатата сезона Винициус имаше проблем бидејќи често беше мета на расизам. Сепак, вреди да се напомене дека неговото однесување често е провокативно и ја лути противничката публика.