Не изгледа дека ќе ја оправда: Гатузо во Хајдук си договорил огромна плата

by Стефан
1 минути читање

Пред почетокот на сезоната Џенаро Гатузо изненадувачки седна на клупата на Хајдук од Сплит и тој сигурно е едно од најзвучните имиња кои биле дел од клубот на хрватското приморје.

Јасно е дека Хајдук вложи многу пари за новата сезона, доказ за тоа е доведувањето и на Иван Ракитиќ. Претходно пристигна и Перишиќ, но тој неодамна влезе во конфликт со Гатузо и нема повеќе да игра за клубот од Сплит.

Исто така Хајдук беше елиминиран и во третото квалификациско коло од Конференциската лига и нема да игра во групната фаза од европските натпреварувања.

Така не може да се каже дека почетокот на Гатузо во Сплит многу ветува, а тој воопшто не е ниту во склад со неговата огромна плата.

Сплитскиот новинар Едо Пеци гостувајќи во еден подкаст ја откри платата на Гатузо и според неговите информации Италијанецот заработува 2.4 милиони евра. Исто така тој додаде дека Гатузо договорил клазула за оштета од 2.5 милиони во случај на предвремен отказ.

Како споредба, Гатузо помалку заработуваше во италијански Наполи каде што имаше плата од два милиони евра по сезона, додека Марсеј и Валенсија го плаќаа три милиони евра годишно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани