210
Репрезентацијата на Германија не успеа во своите намери и беше запрена од Шпанија во походот на трофејот на Европското првенство на кое е домаќин.
Последниот натпревар во националниот дрес на „панцерите“ го одигра Тони Крос, а освен него уште една легенда заминува во репрезентативна пензија. Томас Милер по натпреварот кратко прокоментира дека веројатно го одиграл својот последен меч за Германија.
Легендата на Баерн Минхен дебитираше за германската репрезентација во 2010 година, четири години подоцна беше светски првак, а досега запиша 131 натпревар и постигна 45 гола.