Бразилецот Винисиус Жуниор во текот на вчерашниот ден доживеа големо разочарување откако остана без „Златната топка“.
Наградата заврши во рацете на Родри кој така додаде уште едно трофеј во фантастичната сезона во која со Шпанија го освои Европското првенство, а со Манчестер Сити титулата во Премиер лигата.
Винисиус заедно со Реал Мадрид не се појави на церемонијата во Париз, а Бразилецот останал и вез бонус кој требало да го добие.
Имено, бразилскиот фудбалер во својот договор имал клазула според која требало да добие еден милион евра бонус ако ја освои оваа награда. Сличен договор во минатото имаше и Карим Бензема.
Медиумите пишуваа и дека Винисиус веќе започнал да слави за „Златната топка“ вечерта помеѓу неделата и понеделникот и на своите блиски им ветил „Ролекс“ часовници за на крајот да доживее шок.