Бразилскиот фудбалер Нејмар денеска во натпреварот против Ал Аин во азиската Лига на шампиони ќе се врати на терените по долгата пауза поради повреда.
Нејмар се повреди во настапот за Бразил и надвор од терените е повеќе од една година.
„Знам дека сте нетрпеливи и јас сум, но 21. октомври се враќам на фудбалот. Тоа што најмногу го сакам во животот е да играм фудбал. Патам секој ден ткако сум далеку од фудбалот. Се враќав по секој повреда и претходно, така ќе биде и сега“, изјави Нејмар.
„Тоа е она што најмногу ме боли. Моето доаѓање во Ал Хилал, раѓањето на мојата ќерка, годината беше одлична, а потоа дојде повредата. Почувствував голема болка и веднаш знаев дека е сериозно. Во животот најважни ми се пријателите, семејството и фудбалот“, зборуваше Бразилецот.
Од доаѓањето во Ал Хилал, Нејмар одигра само пет натпревари.