Несторовски: Не играм за Македонија бидејќи сум пријател со Пандев и Ангеловски!

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Илија Несторовски, веќе некое време не е дел од списоците на селекторот Благоја Милевски.

Тој во разговор за хрватските медиуми реши да зборува отворено на таа тема. Несторовски смета дека не е дел од тимот на Милевски поради тоа што е во добри односи со Горан Пандев и Игор Ангеловски.

Не играм за репрезентацијата бидејќи селекторот така одлучи. Не ме повика бидејќи сум во добри односи со Пандев и поранешниот селектор Ангеловски. Нема тоа врска со новиот клуб. Не сум повикан бидејќи наводно не се вклопувам во тактичките замисли на Милевски, но тоа нема врска. Можеби некои луѓе немаат храброст за конфронтација“, нагласи македонскиот напаѓач.

За репрезентацијата на Македонија досега Несторовски одигра 51 натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани