На две кола пред крајот на Бундеслигата, екипата на Унион Берлин му врачи отказ на Ненад Бјелица. Хрватскиот тренер по серијата лоши резултати (пет меча без победа) си заработи отказно решение и повеќе нема да го води тимот.
Освен Бјелица, Унион веднаш се ослободи и од членовите на стручниот штаб. Се очекува во следните денови, можеби и часови да биде промовиран нов предводник на тимот. До крајот на сезоната Унион го очекуваат уште два меча, гостување кај Келн и домашен дуел со Фрајбург, а трката за опстанок е и натаму во игра.
Ненад Бјелица седна на клупата на Унион на 27 ноември. Оттогаш го водеше тимот на 22 натпревари, запиша по шест победи и нерешени, како и дури десет порази. На табелата Унион со 30 бода е прв на безбедна позиција, но Маинц е на само чекор зад него, а и Келн има шест бода дефицит.