Тотнем и Бетис преговараат за трансфер на Џовани Ло Селсо во редовите на шпанскиот прволигаш.
„Петлите“ немаат против овој трансфер, меѓутоа направија интересна зделка со Бетис. Имено, Тотнем си договори приоритет за во иднина да може да го откупи Џони Кардозо од шпанскиот клуб. Доколку некој друг клуб пријде и се интересира за да го купи играчот за врска, Бетис мора да го извести англискиот клуб кој ќе одлучи дали да ја израмни понудата.
Исто така, доколку Тотнем одлучи да не го купи Кардозо, ќе има право да купи процент од негова следна продажба дури и да замине од Бетис.
Се очекува кон Шпанија да се упати аргентинскиот фудбалер Ло Селсо кој и во минатото го носеше дресот на Бетис, всушност беше член на клубот пред да се пресели во Тотнем.