(Не)пријателски натпревар: Играчи на ВБА и Мајорка се степаа (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Пријателските натпревари ова лето се доста „пожешки“ од што сме навикнати. Така откако имаше тензија на пријателски меч на Челзи и Рексам пред неколку денови, сега дојде до физичка пресметка на дуелот меѓу Мајорка и Вест Бромвич Албион.

Во главна улога беа Џејсон Молумби и Саму Коста. Асот на ВБА се обиде да го удри со глава, а потоа го удри со тупаница ривалот од Мајорка.

Ситуацијата резултира со разменети удари и мешаница на фудбалерите. На крајот мечот заврши со победа на Мајорка од 0-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани