Неочекуван потег на Канаваро: Дојде, го спаси Удинезе и по еден месец си замина

by Стефан
1 минути читање

Славниот италијански фудбалер, Фабио Канаваро неочекувано ја напушти клупата на Удинезе.

Италијанската легенда во тешка ситуација дојде во клубот и успеа да го спаси тимот од испаѓање. Со оглед на исполнетата цел очекувањата беа да потпише нов договор, но тоа не се случи.

На клупата на Удинезе Канаваро дојде пред само еден месец на 22-ри април 2024 година.

Пред Удинезе Канаваро ги водеше Гвангжу, Ал Наср, Тианџин и Беневенто, а беше селектор и на Кина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани