Необичен проблем во Рим: Рома не може да пронајде тренер, откажани сите тренинзи

by Стефан
1 минути читање

Хрватскиот тренер Иван Јуриќ ја напушти Рома, а управата на овој тим има проблем со пронаоѓањето негов наследик.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, одложени се сите тренинзи и собири на фудбалерите до четврток. Наводно, нема кој да го води тимот. Јуриќ беше сменет по поразот од Болоња со 3:2 во последното коло, отказот беше потврден еден час по натпреварот.

Рома е во потрага по четвртиот тренер во оваа календарска година. Пред Јуриќ на клупата на Рома беа, Жозе Мурињо и Даниеле Де Роси.

Планот беше фудбалерите да се вратат на тренингг што побрзо, меѓутоа тренинг кампот на тимот ќе остане под клуч. Како потенцијални кандидати во медиумите се споменуваа Винченцо Монтело, Роберто Манчини, па и Ерик Тен Хаг кој неодамна доби отказ во Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани