128
Реал Мадрид има кошмарен почеток на сезоната, бидејќи во моментов дури осуммина фудбалери се повредени и вон комбинација за настап.
Последен на листата е Едер Милитао. Бразилскиот дефанзивец заработти повреда на мускулите и со сигурност ќе го скокне следниот меч на „кралевите“ против Реал Сосиедад, додека под знак прашалник е за настап на отворањето во Лигата на шампионите.
Претходно на Анчелоти главоболките му ги зголемија Орелиен Чуамени, Ферланд Менди и Дани Себаљос. Веќе некое време надвор од комбинација се Џуд Белингем, Едуардо Камавинга, Давид Алаба и Жоан Мартинез.
Реал има особени проблеми во средниот ред, каде што недостигаат дури четири фудбалери…