1
Арсенал има сериозни проблеми со повредите во последните месеци.
Микел Артета по последната репрезентативна пауза во 2024 година ќе остане без уште еден фудбалер. Повреда играјќи за својата земја Белгија заработи Леандро Тросар.
Овој крилен фудбалер е многу важен во ротацијата на Артета. Тој во него има решение за повеќе позиции, универзалец кој му врши многу работа иако главно е резервист.
Засега не е познато дали тој ќе паузира подолго или се работи за мала повреда.