Нема дилеми: Хит играчот на ЕП има една желба во преодниот рок!

by Стефан
1 минути читање

Нико Вилијамс е еден од најбараните напаѓачи ова лето, а како што стојат работите во овој момент фаворит за неговиот потпис е Барселона.

Еден од најпознатите каталонски новинар Тони Хуанмарти тврди дека Вилијамс веќе им порачал на соиграчите од репрезентацијата: Педри, Јамал и Феран Торес дека со задоволство би им се придружил во Барселона.

Исто така неговите застапници дале позитивен одговор на интересот од Барселона, но со една важна напомена. Не сакаат да го чекаат крајот на преодниот рок, туку сакаат побрзо да го решат нејзиниот статус.

За Вилијамс нема трета опција – сака да остане во Билбао или да премине во Барселона. Но, за да го доведе Барселона ќе мора да ја плати клазулата од 58 милиони евра бидејќи баскискиот клуб не сака да преговара.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани