Немало подобар голман од Димитриевски во второто коло од Лигата на Нации (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Столе Димитриевски беше одличен на голот на Македонија во победата против Ерменија од 2:0, а со својот настап се најде и во идеалниот тим.

Доказ за одличниот настап на Димитриевски е и оценката која ја доби од „Софаскор“ која е највисока помеѓу голманите во второто коло.

Добрата форма на Димитриевски секако е важна за Македонија во ситуација кога во Валенсија не дел од првиот тим.
Македонскиот чувар на мрежата доби оценка од 8.4 и во тимот е заедно со играчи како: Модриќ, Бруно Фернандеш, Кејн…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани