112
Динамо Загреб во изминатата вечер славеше победа од 0:2, а одличен на теренот во овој дуел беше македонскиот фудбалер Стефан Ристовски кој асистираше при постигнувањето на двата гола.
Сезоната во Лигата на шампионите за Динамо започна на катастрофален начин и дебал против Баерн Минен со 9:2, но потоа хрватскиот гигант се стабилизираше.
По тој пораз тимот на Ристовски и Адеми ремизираше со Монако, па потоа дојде и вчерашниот триумф.
Интересно е што по три кола Динамо сега е 22-ри на табелата во ЛШ и со тоа пред Баерн кој остана на тие три бода од победата во првото коло. Како што најавија од УЕФА токму поради неизвесноста е воведен овој формат на Лигата на шампионите, а сега тоа се покажува и на дело.