Невил „удри“ по Касемиро и Рашфорд: Таков однос кога клубот е на 13. место на табелата не е во ред

by Стефан
1 минути читање

Maнчестер јунајтед во овој момент е на 13. место во Премиер лигата со 15 освоени бодови, а за време на репрезентативната пауза во клубот пристигна Рубен Аморим кој го наследи Ерик Тен Хаг.

Од Аморим се очекуваа да го врати клубот на победничките патеки, а задачата сигурно нема да му биде лесна.

За време на репрезентативната пауза и покрај тоа што пристигна нов тренер одредени фудбалери добиле слободни денови. Маркус Рашфорд и Касемиро заминаа во САД, напаѓачот присуствуваше на НБА натпреварот помеѓу Њујорк Никс ии Бруклин, додека Касемиро го посети и „Дизни Светот“.

Ваквиот однос на фудбалерите го критикуваше Гери Невил.

„Ова е повеќе насочено кон Касемиро отколко кон Рашфорд. Ако имаше 30 години мораш да внимаваш на своето тело. Освои Лига на шампиони, а да играше за Бразил сега ќе зборувавме дека има проблем поради долгото патување.

Сега самиот без потреба одлучи да патува, тоа се ситни детали на кои големите професионалцци внимаваат. Посебно тука е ситуацијата што Манчестер јунајтед има нов тренер.

Со долгите патувања од по 12 часа на места каде што временската разлика е осум часа не можете да бидете одморни и спремни. Не е во ред ни кон навивачите бидејќи на тимот далеку од тоа дека му оди на теренот“, изјави Невил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани