Со ремито против Данска репрезентацијата на Србија го заврши настапот на Европското првенство и тоа како последна во група во која беа уште Словенија, Данска и Англија.
Се пишуваше за лоша атмосфера во селекцијата уште по првиот натпревар против Англија кога Пикси одлучи капитенот Душан Тадиќ да не го започне натпреварот. Но, Пикси пред новинарите и по завршувањето на првенството тврди дека атмосферата во соблекувалната е на највисоко ниво.
Меѓутоа сега се појавува еден детал кој покажува дека изгледа и не е така како што тој зборува. На социјалните мрежи се појави видео од пред натпреварот со Данска на кое ако судим според реакцијата Тадиќ и Влаховиќ дознаваат дека нема да бидат стартери кога тие се официјално објавени.
Ако атмосферата толку добра како што вели Пикси тогаш и комуникацијата би била нанајвисоко ниво и фудбалерите порано би знаеле за кого се одлучил селектоорт.