103
Според информациите на германскиот „Скај Спорт“, фудбалерот на Динамо Загреб, Мартин Батурина одбил понуда од Реал Мадрид за да остане во Динамо.
Реал сакал да го купи 21-годишниот фудбалер за кој добил препорака од Лука Модриќ.
Модриќ веројатно ја игра последната сезона во Мадрид и „кралевите“ веќе се во потрага по негова замена. По препораката од неговиот сонародник, Реал тргнал во преговори, но биле изненадени од одговорот.
Батурина одлучил да се заблагодари на понудата и да остане во Динамо. Со фудбалерот на „модрите“ претходно се поврзуваше и Фиорентина која и испратила понуда од 15 милиони евра, но во Динамо ја сметале за прениска, па воопшто не се преговарало со Батурина.