189
Голманот на Португалија, Диого Кошта со неверојатна партија ја однесе Португалија во четвртфиналето од Европското првенство.
Тој најпрво во 115. минута му одбрани зицер на Шешко, а потоа во пенал серијата ги фати првите три удари од белата точка на Словенците и беше прогласен за играч на мечот.
Кошта собори два рекорди. Тој стана прв голман со одбранети три пенали во пенал серија на Европско првенство и прв голман кој не примил гол во пенал серија на ЕП.