На Србија може да и биде доволен и бод за осминафинале

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Србија со гол во самата завршница во 95. минута избегнаа елиминација на Европското првенство и сега во последното коло против Данска ќе играат за осминафинале.

Избраниците на Драган Стојковиќ Пикси по две рунди имаат еден бод колку што има и Данска која денес од 18:00 часот игра против Англија.

Словенија има два бода, но во последното коло ја чека натпревар против Англија. Две екипи поминуваат во следната фаза, додека третопласирана влегува во круг од шест репрезентации од кои четири ќе обезбедат место помеѓу најдобрите 16.

Победа на Србија во последното коло против Данска скоро и да и гарантира пласман во ноакут фазата бидејќи во некоја теорија пред ЕП се калкулираше дека три бода и позитивна гол-разлика е доволно да се обезбеди осминафинале.

На Србија и одговара денес Англија да ја победи Данска, а потоа и Словенија со по два гола разлика. Во тој случај Србија и со бод против Данска во последното коло би била второпласирана.

Како и да е за Србите работите ќе бидат појасни по натпреварот на Англија и Данска од 18:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани