На повидок големо изненадување: Дибала пред трансфер каков што никој не очекува!

by Стефан
1 минути читање

Аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала во финишот од преодениот рок би можел да направи изненадувачки трансфер.

Информациите доаѓаат од експертот за трансфери Фабрицио Романо кој пренесува дека Аргентинецот и саудискиот клуб Ал Кадсија веќе се договориле за тригодишен договор и преостанува само уште се да биде официјализирано.

Дибала во својот договор имаше клазула од 12 милиони евра, но рокот за нејзина активација истече, па така сега ќе треба да се договорат со Рома.

Во овој момент ништо не е договорено, меѓутоа работите засега одат во добра насока за саудискиот клуб. Ваквиот трансфер би бил изненадување ако се знае дека Дибала во минатата сезона беше еден од поважните фудбалери во тимот на Де Роси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани